Почитувани
КИЦ Романса Македонска Каменица ве поканува на отворање на изложба на ликовни дела од Лесновската ликовна колонија 2022 година
Отворањето на ликовната изложба ќе се одржи во петок 24.03.2023 година со почеток од 12 и 30 часот во фоајето на Домот на Културата.Ликовната изложба ќе ја отвори директорката на Домот на Културата “Злетовски рудар” од Пробиштип,Сандра Мијалковска.
Повелете сите заеднички да ја отвориме изложбата и да уживаме во уметноста
кратка историја:
Далечната 1992 година започнува приказната наречена ,,Лесновска ликовна колонија“. Од тогаш па се до денес Ликовната колонија прерасна во голема културна манифестација, која денес е препознатлив белег на нашата општина.
Стотици уметници од многу краеви на светот беа дел од Лесновската ликовна колонија, зад себе оставајќи свои дела, кои се дел од богатата збирка на уметнички дела, кои Домот на културата ,,Злетовски рудар“ ги чува грижливо, со гордост изложувајќи ги во скоро сите Домови и центри за култура.
Проектот ,,Meѓународна Лесновска Ликовна колонија 2022“ е избран на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2022 година, од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот.
Главен покровител на „Лесновската Ликовна колонија“ е општина Пробиштип, а организатор е Дом на културата ,,Злетовски рудар“ од Пробиштип.Во 2022 година учествувале 14 ликовни уметници.
