“МАКС И БЕСНАТА ДРУЖИНА” (MAX & THE WILD BUNCH)

Детски,тинејџерско семеен филм, 2019, 8+
Почитувани ученици,драги пријатели,започнетего новото полугодие со прекрасен детски филм за сите генерации и тоа урнебесна комедија.Не пропуштајте го Макс и неговата бесна дружина.
– среда,25.01.2023 година
-почеток 17 часот
-влез: 70 денари
Кратка содржина: Вашиот нов дом во вистински замок – можете ли да замислиш нешто покул? Деветгодишниот Макс може. Затоа што замокот Геролдсек е дом за стари лица полн со збрчкани баби и дедовци. Но, тој сега живее во замокот за мајка му, која е медицинска сестра и самохран родител, да може да работи ноќни смени. Тој е единствено дете меѓу сите овие стари…
Но, Макс наскоро се спријателува со дел од постарите жители на домот: актерката Вера, фудбалскиот тренер Хорст и истражувачот Килијан, заедно попознати како Бесната дружина. Макс исто така забележува дека нешто чудно се случува во старите ѕидови на домот. Изгледа дека мистериозен крадец краде скапоцености од собите на жителите среде бел ден. Меѓу осомничените е и мајката на Макс, на која и се заканува отказ. Макс ги здружува силите со Вера, Хорст и Килијан за да го изведе вистинскиот крадец пред лицето на правдата.
НЕ ПРОПУШТАЈТЕ ЈА УРНЕБЕСНАТА КОМЕДИЈА…
Дистрибутер: Катавеј Дооел
Bookmark the permalink.

Comments are closed