31.12.2022 година од 22.00 до 02.00 ч по полноќ
Почитувани,
Културно информативниот центар”Романса”Македонска Каменица заедно со Општина Македонска Каменица по неколку годишна пауза организираат дочек на новата 2023 година на градскиот плоштад во Македонска Каменица
За дочекот на новата 2023 година ќе ве забавуваат Angels bend од Македонска Каменица и околината.Покрај музичка програма за сите кои сакаат да ја дочекаат новата 2023 година на градскиот плоштад предвидено е огномет, греана ракија и чај.
Сите кои се уште не сте се одлучиле каде за новата 2023 година,дојдете на градскиот плоштад и заеднички да ја дочекаме новата 2023 година
