2021 / / српски /Урнебесна хит комедија
Нов филм на Срѓан Драгојевиќ
Премиерно во Дом на Култура во Македонска Каменица
среда 07 Декември 2022 година
почеток:19 часот
влез: 100 денари
Одморот од светското првенство во фудбал поминете го со прексрасната хит комедија Небеса која ќе ве насмее максимално.
Филмот имаше светска премира на фестивалот во Локарно
Улоги:
Горан Навојец, Ксенија Маринковиќ, Бојан Навојец, Наташа Марковиќ, Сана Костиќ, Радослав Рале Миленковиќ, Милош Самолов, Нела Михајловиќ, Никола Пејаковиќ, Срѓан Жика Тодоровиќ, Милош Тимотијевиќ, Анџелка Прпиќ, Ана Мандиќ
За филмот:Оваа филмска алегорија со елементи на црна комедија е инспирирана од трите приказни на францускиот писател Марсел Аиме.
Приказните за влијанието на чудата врз посткомунистичкото општество во транзицискиот период се одвиваат во 1993-та, 2001-ва и 2026-та година. Појавата на чуда е одговор на колективната свест на промените, кои ја присилуваат целата заедница светот околу себе, превртен наопаку да го гледа воново светло и чудесна перспектива. Овој филм поставува некои од суштинските прашања на современиот свет – Веруваме ли во Христа или се поклонуваме на Златното теле – идолот кој ги опредметува парите, конзумеризмот и алчноста? Како да го разликуваме Божјиот Дар од Искушението на Ѓаволот? Кога е Божјата милост всушност клетва? НЕБЕСА е филм кој поставува бројни прашања, но не нуди едноставни одговори, туку им остава на гледачите слобода сами да размислуваат за нив.
во продолжение и трејлер од филмот: