Настапи на втората вечер на Каменичко Културно Лето 2022

Каменичката гордост КУД “Вера Јоциќ” заедно со нивните гости КУД “Разиграно Коло – Вез” од Србија и Група “Ајдара” од Народно Читалиште “Арсениј Костенчев”,Благоевград -Р.Бугарија ќе ја отворат втората вечер од најголемиот музичко-сценски настан ова лето.

Моќта на женските вокали ќе може да ја почуствуваме на 27-ми август, кога на Ареа ќе и се придружи и феноменалниот македонски состав ЉУБОЈНА.

Втората вечер од најголемиот музички настан ова лето ќе настапи култниот македонски бенд – АРЕА. Хитовите на бендот се неизоставен дел од секој поголем настан, а Ареа во живо се гаранција за перфектен концерт.Го боиме градот во најубави бои!Ареа на Градски плоштад во Македонска Каменица

Bookmark the permalink.

Comments are closed