„Кино на отворено“ ќе се одвива во периодот од 22 до 24-ти Август
Бесплатните филмски проекции ќе се прикажуваат во Паркот на рударите пред Домот на Култура во Македонска Каменица.
Овие три вечери почнувајќи од 21 часот, публиката од Македонска Каменица, но и сите останати љубители на филмската уметност ќе може да ги проследат детски анимирани филмови но и играни филмски остварувања.
Наскоро ќе објавиме повеќе детали околу програмата и термините за филмските проекции на „Кино на отворено”.
