Фоаје на Домот на Културата
ВТОРНИК 05.07.2022 година
ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА :12 часот
Јулските активности ги за почнуваме со изложба на слики од Драган Кузмановски од Скопје.
Драган Кузмановски роден е 1956 год.во с.Латово,општина Македонски Брод,живее во скопје.Основно и Средно образование-гимназија ги завршува во Кичево,а студира сообраќај на Универзитетот “СВ:Климент Охридски”Битола.
Со Сликарство се занимава скоро 20 години.
Делата се работени во маслена и акрилна техника на платно и се наоѓаат во бројни колекции во Р.Македонија,САД и Канада.Неговите мотиви се инспирирани од непосредни доживувања и живописни крајолици на Р.Македонија со особен акцент на руралната архитектура која побудува реминисценција на едно дамно минато време кое оставило трага во елементите на старата македонска и албанска архитектура.

