КИЦ Романса од денеска со ПИЈАНО

Културно Информативниот Центар РОМАНСА од Македонска Каменица по повод 28ми Август – денот на Општината и денот на Рударите од Рудник „Саса“ денес доби дигиталното пијано KORG G1.

Огромно беше задоволството што не го криеше директорот на КИЦ по повод овој подарок кој рече: Дигиталниото пијано KORG G1 Air е дизајнирано така да ги донесе трите од најдобрите светски пијани на концертните настани, Германските, Австриските и Јапонските кој покрај звукот на пијаното генерира уште десетици други инструменти – со повеќе слоеви на звучен и тактилен реализам сместен во еден прекрасен кабинет кој за разлика од класичното акустично пијано може лесно да се транспортира. Дигиталниот пијано на KORG G1 Air се одликува со тастатура на Korg, со допир и одговор извонредно сличен на оние на акустичниот пијано. „Огромна благодарност за поддршката на рудник „Саса“ до Општината како за овој така и за останатата помош што рудникот и ја дава на Општината. Се надевам дека во скора иднина ќе успееме да сочиниме инструменти за цел еден оркестар.“

 

Bookmark the permalink.

Comments are closed