Премиерно за сите ученици од основното училиште “св.Кирил и Методиј“ и средното општинско училиште од Македонска Каменица “Миле Јаневски Џингар од Македонска Каменица како и за сите граѓани од општината во петок на 15 септември со почеток од 12 и 30 часот во домот на Културата во Македонска Каменица ке гостуваат Мандолински камерен квинтет Дом на културата “Тошо Арсов“ – Виница. На концертот ќе бидат изведени дела од Бах, Моцарт, Чајковски, Вивалди… Дела од филмска музика, обработки на традиционални италијански и руски песни.
Затоа ги повикуваме и останатите љубители на класичната музика да дојдат и да уживаат во едночасовнио концерт.