Во изминатите четири дена бевме сведоци на една од најдобрите манифестации во моментот во земјава а тоа е Каменичко Културно Лето 2017 или Лето во Каменица,каде уживавме во изведбите на прекрасните македонски музички фолк и забавни ѕвезди но и балканските мега ѕвезди Црвена Јабука, Владо Георгиев и на крајот на завршетокот на Лето во Каменица настапи Саша Ковачевиќ.
Во една прекрасна атмосвера и добро расположение Македонска Каменица во изминатите 4 дена ја посетија над 30.000 луѓе од сите краеви од Република Македонија.
Голема благодарност и до генералниот покровител на манифестацијата Рудникот Саса, заедно со оранизаторите општина Македонска Каменица и КИЦ Романса ја организираа манифестацијата на највисоко ниво.