Еден од најреномираните Џезисти од Република Македонија Гоце Стефковски-Септет ќе настапи пред Каменичката публика на 29 Јуни 2017 година со почеток од 20.30 минути во домот на Културата. Влезот за овој џез концерт е бесплатен.
Летниот џез караван во Македонска Каменица е подржано од Министерството за култура, општина Македонска Каменица и културно-информативниот центар “Романса“ Македонска Каменица. Каменичани ќе имаат можност да го проследат концертот на составот од седум македонски џез музичари, предводени од тапанарот Гоце Стевковски, кој веќе извесен период работи на своја авторска музика, а работи и како професор на Џез академијата во Штип.
Во Гоце Стевковски-Септет се и Трајче Велков-труба, Кирил Кузманов-алт саксофон, Иван Иванов-тенор саксофон, Кирил Туфекчиевски-контрабас, Дамир Имери-клавијатури и Сашко Николовски-тромбон.
Џез караван е организиран од Здружението на џез музичари и слободни уметници во соработка со КИЦ Романса Македонска Каменица.