Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес во среда на 28.06.2017 година ќе гостува во Домот на Културата во Македонска Каменица со театарската претстава “Театар Љубов Моја“ со почеток од 20 часот и влезот за претставата ќе изнесува 50 денари.
Уметничкиот директор на театарот Васил Зафирчев истакна дека претставата е работена по текст на бугарскиот автор Валери Нисимов Петров, а во режија на Деан Дамјановски и драматургија на Сашо Димовски.
Зафирчев појасни дека драмата „Театар љубов моја“ е напишана во 1981 година од бугарскиот поет, драматург, сценарист и преведувач Валери Нисимов Петров за двете големи бугарски актерки Тања Масалитинова и Славка Славова и првпат е изведена истата година.
Последен пат е поставена минатата година во Софискиот „Театар 199“ во изведба на четири актерки, а со четири актерки ќе се игра и во Домот на Културата во Македонска Каменица. Премиерата е изведена во Велешкиот театар во Март оваа година.
Во претставата играат Кица Ивковска играат и актерките Зорица Панчиќ, Кети Борисовска и Талија Настова. Сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Сашко Костов.