Во организација на Културно-информативниот центар “Романса“ со подршка од општина Македонска Каменица во Домот на Културата во Македонска Каменица ќе гостува народниот театар од Штип при НУЦК Ацо Шопов од Штип на 8 јуни четврток со почеток од 20 часот, а влезот за претставата ќе биде 30 денари.
Претставата е комедија од Нил Сајмон во режија на Никола Ристов, а ќе настапат Виктор Арев, Ангелка Нашкова, Марија Минчева, Елена Шорова и др.