Самостојна изложба „Енкаустика“ на Христина Деолска

На 07 Јуни (среда) со почеток во 13 часот во фоајето на Домот на Културата во Македонска Каменица, ќе се одржи самостојна изложба на Христина Деолска во организација на КИЦ Романса Македонска Каменица. На изложбата ќе бидат претставени 100- тина дела насликани во последните 5 години во техниката „Енкаустика“ .

Енкаустика е техника која потекнува од Египет и е една од најстарите во историјата на уметноста. Кај нас е многу ретко застапена и мал е бројот на уметници кои сликаат на овој начин. Христина Деолска, делата ги слика со пегла и мрсни бои, а како архитект по професија, уметноста како нишка ја врза и за сликањето и за поезијата.

Добредојдени сте сите!

Bookmark the permalink.

Comments are closed