ТЕАТАР КОЛОЗОВ ОДРЖА ДВЕ ПРЕТСТАВИ ПРЕД ПРЕПОЛНАТА САЛА ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА

Вчера театар „Колозов“ од Скопје одигра две претстави во преполната сала во  Домот на Културата во Македонска Каменица. Во 17.00 часот беше прикажана  детската театарска претстава „Љубопитната принцеза“, а веднаш потоа, во 19.30 часот  се одигра и хит-претставата „Женско царство“.

Ова гостување на Театар Колозов од Скопје беше по повод тридневната програма која се реализира по повод отворањето на новиот Дом на култура.

Новата опремена сала во Домот на Културата беше претесна да ги собере сите заинтересирани граѓани од општина Македонска Каменица

Bookmark the permalink.

Comments are closed