Денеска (30.04.2017) со почеток од 19 часот Бајса придружувана од Душко Георгиевски, Орце Лазаров, Ратко Даутовски и Емил Адамски, ќе оддржа целовечерен етно концерт, а локалната публика ќе има можност за неповторливо уживање во македонската традиционална музика.
По повод отворањето на новиот Дом на култура во Македонска Каменица, Бајса заедно со пријателите ќе настапи во родниот град
Бајса Арифовска е уникатна македонска музичка појава. Од Македонска Каменица, преку Штип, стигнува во Скопје за да го комплетира своето музичко образование и да стане еден од најреспектираните македонски музичари. Свири на повеќе од 15 инструменти, а има оддржано стотици концерти со врвни музичари.