УЧЕСТВО НА ОВОГОДИНЕШНИОТ ПРОБИШТИПСКИ МАСКЕНБАЛ

По повод  денот на шегата 1 ви Април,културно информативниот центар“Романса“Македонска Каменица со подршка од КУД Вера Јоциќ,традиционално веке неколку години со покана од општина Пробиштип учествуваат на манифестацијата Пробиштипски маскенбал. Сите маски  на овој маскенбал кои ке учествуваат ке бидат групни маски и од шеговит карактер.Инаку на оваа манифестација се поканети и учествуваат голем број на маски од поголем број на градови од Република Македонија. Оваа манифестација има свое дефиле и главен дел со претставувањето на сите групни маски.

Нашиот културно информативен центар оваа година ке се претстави со групната маска „Црна Илузија“ со вкупно 22 настапувачи.Вечната борба помеѓу доброто и злото, црното и белото се обидуваме да ги претставиме во нашата маска со надеж да  ги изобличиме вашите сетила и визуелно да ги интерпретираме во реална ситуација.

Манифестацијата Пробиштипски маскенбал оваа година ке се одржи во петок на 31.Март со почетно дефиле од 16 и 30 часот од пред Домот на Култура “Злетовски рудар“ а ке заврши со настап на ракометното игралиште.

Bookmark the permalink.

Comments are closed