Хуманитарен концерт по повод 3 Декември денот на лицата со посебни потреби

Културно-информативниот центар “Романса”, општина Македонска Каменица и хуманитарното здружение Бели Гулаби,по повод 3 ти Декември денот на лицата со посебни потреби организираат хуманитарен концерт. Концертот ке се одржи на 03.12.2016 година во ресторанот “Иднина” со почеток од 18 часот. На концертот можат да учествуваат сите граѓани од Република Македонија а влезницата ке изнесува 350 денари. Сите присутни ке ги забавува музички бенд од Македонија. Сите заинтересирани за влезниците,кои се во ограничен број  можат да се обратат на телефон  071/737-465 кај лицето Наташа Џевелекова претседателка на хуманитарното здружение Бели Гулаби.

dsc_0097-2-001

Во рамките од годишната програма за култура, Културно-информативниот центар “Романса” покрај хуманитарнот концерт ке организира конкурс за најдобар цртеж за децата со посебни потреби а на сите учесници ке им додели благодарници и мали награди за учеството. Додека  општина Македонска Каменица како и секоја година така и оваа година ке им додели скромни поклони на сите деца  по повоод  денот на лицата со посебни потреби.

images

Bookmark the permalink.

Comments are closed