
Бабина баница 2016
На 12-ти јуни, на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица, ќе се оддржи петтата по ред манифестација „Бабина баница“…
На 12-ти јуни, на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица, ќе се оддржи петтата по ред манифестација „Бабина баница“. Годинава, манифестацијата добива интернационален карактер и веќе е потврдено учеството на здруженија на пензионери од Бугарија и Србија. Своето присуство го најавија и повеќе од четириесет здруженија на пензионери од сите краеви на Македонија.
Очекувањата се дека на Еленец ќе има повеќе од 5 000 гости. Покрај натпреварот во подготвување на баница под вршник, на традиционален македонски начин, ќе има и богата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат секции од здруженијата на пензионери. За гостите ќе биде подготвена и селска манџа по традиционална македонска рецептура која ќе се продава по симболична цена.
Организатор на манифестацијата е Здружението на пензионери од Македонска Каменица, поддржано од општина Македонска Каменица и од неколку локални институции и претпријатија.