– тинејџерскиот трилер „Смената“ премиерно во Македонска Каменица
-вторник 29.11.2022 год.
-почеток 18 часот
-влез: 70 денари
ФИЛМОТ Е ПОБЕДНИК НА ЏИФОНИ МЛАДИНСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ЗА 2022 ГОДИНА
Италијанско-белгиската трилер драма „Смената“ во режија на Алесандро Тонда
трејлер од филмот:
Кратка содржина:
Брисел. Еден и Абдел, две 17-годишни момчиња, упаѓаат во нивното училиште за да извршат самоубиствен терористички напад, но Абдел се разнесува пред предвиденото време, повредувајќи го Еден во експлозијата. Изабел и Адамо, двајца болничари пристигнуваат на
местото на настанот и го наоѓаат Еден повреден и онесвестен. Го внесуваат во амбулантното возило, не знаејќи дека тој е еден од терористите. На пат кон болница, тие сфаќаат дека Еден носи појас со експлозив, но веќе е доцна: Еден одеднаш се буди! И покрај повредите, младиот човек ги држи како заложници заканувајќи им се дека ќе ја активира бомбата и му наредува на Адамо да продолжи да вози.
Дистрибутер на филмот е КТ Филм и Медиа од Битола, а дистрибуцијата е поддржана од Италијанската национална асоцијација на аудиовизуелни индустрии АНИКА.
