САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА И ПРОМОЦИЈА НА КНИГА НА КЛИМЕНТИНА СОКОЛОВСКА

петок,21.10.2022 година,почеток:12ч.
Почитувани љубители на ликовната и литературната дејност,ве известуваме дека во петок,21.10.2022 година од 12 часот во фоајето при Домот на Културата во Македонска Каменица ќе се одржи промоција на книгата “БЕЗ КРИЛЈА” на нашата соученичка и сограѓанка Климентина Соколовска.
Покрај промоцијата на книгата во исто време ќе ја отвори и нејзината самостојната изложба на околу 20 ликовни дела.За промоцијата и за изложбата Климентина Соколовска ќе ви се обрати за целокупната инспирација и желба за творење.
Затоа ве повикуваме заеднички да ја проследиме промоцијата и изложбата на ликовни дела на нашата сограѓанка и заеднички да ја подржиме во понатамошно творење и поголеми успеси во животот..
Bookmark the permalink.

Comments are closed