Почитувани љубители на филмската публика,еден од најновите македонски и балкански играни филмови и во Домот на Културата во Македонска Каменица.Во него настапуваат едни од најпознатите македонски актери:Сашко Коцев,Игор Ангелов,Јелена Јованова,Наташа Петровиќ и др.
ВТОРНИК 4 ОКТОМВРИ 2022 година,
ПОЧЕТОК: 20 ЧАСОТ
ВЛЕЗ:100 ДЕНАРИ
Кратка содржина:
Што е тоа човек? ХОМО прикажува шест лица, шест состојби во луцидно поврзани епизоди проткаени со црн хумор. Безнадежните ликови случајно се среќаваат во модерната метропола, при бескрајни обиди да опстанат и најдат малку среќа. Невработениот дипломец станува гробар, ужалената вдовица – монахиња, свештениците се коцкаат, а со судовите владеат гангстери. И кога изгледа дека надежта е мртва, едно осамено момче успева да пронајде љубов…
Во продолжение и трејлерот за филмот:
режија: Игор Иванов-Изи
Дистрибуција:Скопје филм студио
