ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „ Св.Ѓорѓи 2020 “

изложба на ликовни дела во фоајето на Домот на Културата во Македонска Каменица
-свечено отворање на изложбата во петок 30 Септември 2022 година,почеток 13 часот во фоајето на Домот на Културата.
ПОВЕЛЕТЕ ВЕ ОЧЕКУВАМЕ ЗАЕДНИЧКИ ДА ЈА ОТВОРИМЕ ЛИКОВНАТА КОЛОНИЈА И ДА УЖИВАМЕ ВО ЛИКОВНИТЕ ДЕЛА НА РАЗНИ ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ.
-Техника-масло на платно, акрилна и комбинирана техника
Ликовната колонија е во организација на Домот на Културата”Тошо Арсов” од Виница.
Во убавиот и живописен предел твореа 14 автори. Беа создадени вкупно 28 ликовни дела од уметниците Миливој Симеонов, Гордана Вренцоска, Катица Алексова, Дарко Богданов, Дејан Спасов, Благица Стојановска, Весна Ничевска, Виктор Јаневски, Александра Димитрова, Елизабета Зафирова Стојанова, Нада Змбова Донева, Слаџана Гаврилова, и младите гости Нина Савева и Марио Дејанов.„Мотивите кои се сликаа се разнообрзани, колоритни и уникатни. Еден поголем дел може да се карактеризира како експресионизам.Апстрактниот израз исто така присуствува и спојот меѓуразличностите тука испливува на површина. Кај некои од делата се забележува симболично-минималистички израз ,ограничување од користење на многу бои со цел да се стигне до една чиста и јасна стилизирана форма, наизглед едноставна но воодушевувачки моќна…
Bookmark the permalink.

Comments are closed