Еден од најгледаните и најбараните детско-тинејџерски филмови во Домот на Културата во Македонска Каменица
Наградуваниот белгиски филм „Вселенско момче“ доаѓа во Македонска Каменица.
Филмот е добитник на низа награди на фестивали за филмови за млади меѓу кои и Европската награда за филм за деца и награда од детското жири на Интернационалниот филмски фестивал во Рига. Филмот ја освои и главната награда на Интернационалниот детски и младински фестивал во Бусан.
22.09.2022 ГОДИНА,ЧЕТВРТОК,
ПОЧЕТОК:19 ЧАСОТ
ВЛЕЗ:70 ДЕНАРИ
Кратка содржина:
Младиот протагонист во „Вселенско момче“ е 11-годишниот Џим кој е вљубеник во вселената и науката. Доселувајќи се во нов град со татко му, Џим треба да учествува на натпревар за млади научници со неговата нова соученичка Ема, чувствително и срамежливо девојче. И покрај нејзината неподготвеност, Џим ја убедува да го имитира проектот „Екселсиор“ на Китингер (првиот човек кој стигна до границата на вселената во 1960 година) и тајно да направи вистински воздушен балон. Овој талент го наследува од неговиот татко, Греам, астрофизичар кој треба да оди на вселенска мисија. Бидејќи мајката на Џим е почината, овој проект му е многу важен. Но, кога открива дека Греам се откажал без да му каже, неговиот свет се распаѓа. Натпреварот се претвора во опсесија и Џим сака да докаже дека нема да се откаже како неговиот татко. Џим ја турка Ема до нејзините граници и ја вовлекува во авантура која ќе ги зближи.
Режија:Оливие Перу
Дистрибутер на филмот е Катавеј, а дистрибуцијата на филмот е овозможена од потпрограмата МЕДИА Креативна Европа.



