Почитувани сограѓани,како што најавивме од овој месец започнуваме со курсевите за деца од 5 годишна возраст и младинци а прв ви го најавуваме курсот по театар за деца и младинци.
Пријавувањето ќе започне од понеделник 05 Септември 2022 на него можат да се пријават ученици,студенти и било кои други помлади генерации како од Општина Македонска Каменица така и од околните градови. Пријавувањето ќе трае до 24 Септември каде е планирано и да започне курсот.
Часовите по театар ќе ги држи нашата сограѓанка Тара Димитровска-Дипломиран актер за театар и филм.
Ако твојот сон е да станеш артист, ова е твојата шанса!
Пријавувањето ќе се врши во просториите на Домот на културата во Македонска Каменица.
Секој работен ден од 09-15ч
Сите занитересирани може да не контактираат.
078 566 469! – Гоце Стојановски ВД Директор на КИЦ Романса
Ве очекуваме!
