Културно-информативен центар „Романса“ и оваа година традиционално ја организира манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2022“. Оваа манифестација се организира за одбележување на 28-ми август – Ден на општината и Ден на рударите.
Цел на манифестацијата е да се придонесе кон поголема афирмација и промоција на општина Македонска Каменица како значајна туристичка и културна дестинација, но истовремено е од огромно значење за поттикнување на угостителскиот сектор, малите и средните компании од прехранбениот сектор, локалното земјоделство и пчеларство, пред потенцијалните потрошувачи не само од Македонија, туку и од соседните земји.
Оваа година манифестацијата ќе се одржи во периодот од 26-ти до 28-ми Август со богата културно-уметничка и забавна програма.
Културно-информативниот центар „Романса“ и ги повикува сите локални угостители да се пријават за учество на манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2022“ преку поставување на сопствени штандови и шанкови за продажба на храна и пијалоци.
Пријавувањето ќе се врши со доставување на пополнета пријава која угостителите ќе може да ја подигнат во просториите на Домот на култура во Македонска Каменица, во периодот од 17.08.2022 до 24.08.2022 година, секој ден од 9.00 до 15.00 часот.
За поставување на шанк за продажба на пијалоци и храна ќе се плаќа цена од 15.000,оо денари. Прибраните средства ќе бидат искористени за збогатување на програмата за манифестацијата.