• Каменичко културно лето 2017

Прес-конференција по повод проектот „Реставрација на места со историско и културно значење и зачувување на материјалното и нематеријалното културно наследство во Белица и Македонска Каменица“

На 26.02.2019, 11:00 часот по локално време, во Салата на општинскиот Совет на општина Белица – Република Бугарија, се одржа Прес конференција по повод реализацијата на проектот: „Реставрација на места со историско и културно значење и зачувување на материјалното и нематеријалното културно наследство во Белица и Македонска Каменица“

Присутни на пресс конференцијата, покрај претставници од медиумите, беа над триесетина претставници на локалната самоуправа меѓу кои и господин Радослав Ревански – градоначалник на општина Белица, Г-ѓа Гергана Кокарешкова – раководител на Народното Читалиште Георги Тодоров 1885 од Белица, вработени во Народното Читалиште во Белица и Горан Огнановски – раководител на Културно информативниот центар Романса од Македонска Каменица.

Инволвирани странки присутни на Прес конференцијата беа проектиот тим составен од: Гоце Ангелов – проектен менаџер; Даниел Марковски – финансиски менаџер на проектот; Г-ѓа Маја Цветанова Падарева – Проектен координатор; Г-ца Ива Стојанова Стојчева – технички асистент; Г-ѓа Розита Илиева Зотева – Асистент сметководител .

Проектот под наслов „Реставрација на места со историско и културно значење и зачувување на материјалното и нематеријалното културно наследство во Белица и Македонска Каменица“ започна уште од 22.01.2016 година кога беше потпишан договорот за партнерство по овој проект, а воедно и се аплицираше по првиот повик на ИПА 2 програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија финансиран од Европската Унија.

Новата Интеррег-ИПА прекугранична програма Бугарија – Македонија е донесена на 5ти Август 2015 година од страна на Европската Комисијата и се фокусира на мерките насочени кон ублажување на последиците од климатските промени како и решавањето на прашања поврзани со заштита на природата и биодиверзитетот, одржливо користење на природните ресурси, заштита на животната средина и управување со ризик на прекугранично ниво. Главниот фокус на програмата, исто така, е ставен врз заштитата на природното и културното наследство во регионот по која што оска е и нашиот проект.

Проектот „Реставрација на места со историско и културно значење и зачувување на материјалното и нематеријалното културно наследство во Белица и Македонска Каменица“ е по Програмската Приоритетна оска 2- Туризам со Специфична цел 2.1 Подобрување на туристичкиот потенцијал на регионот, преку иницијативи за соработка во подобра заштита и оддржливо користење на природното и културното наследство.

Вкупен буџет  на проектот (во евра) изнесува 367.499,96 евра од кои 61.353,32 му припаѓаат на Проектниот Партнер 1 – КИЦ Романса додека 306.146,64 на Проектниот Партнер 2- Народното Читалиште Георги Тодоров 1885 од Белица.

Период за имплементација на проектот – 19 месеци.

Рзултати од реализацијата на овој проект се обезбедена опрема за КИЦ “Романса” и санирањето на  зградата на Општинскиот Центарот “Георги Тодоров-1885” во Белица.

Интервенции на проектот ќе се обезбеди подобрување на туристичкиот потенцијал на регионот, преку одржливо користење на културното наследство.

Bookmark the permalink.

Comments are closed