• Каменичко културно лето 2017

Прес- конференција за реализација на проект од IPA програмата за набавка на опрема во Домот на култура во Македонска Каменица

Денес, во Домот на култура во Македонска Каменица, во организација на КИЦ „Романса“ се одржа прес конференција на која беше презентиран проектот „Реставрација на места со историско и културно значење и зачувување на материјалното и нематеријалното културно наследство во Белица и Македонска Каменица“. Реализацијата на проектот, под број CB006.1.21.191 е кофинансиран од првиот повик на IPA2 програмата помеѓу Македонија и Бугарија и доаѓа по повеќе годишна соработка помеѓу КИЦ „Романса“ од Македонска Каменица и Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“ од општина Белица, Република Бугарија. Реализацијата на проектот во себе опфаќа повеќе активности помеѓу кои и реконструкција на зградата од Културниот центар на Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“ во Белица и обезбедување на ИКТ опрема и дигитално кино за КИЦ „ Романса“ во нашиот град.

На прес конференцијата, при првата промоција на проектот говореа градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, Маја Падарева – директор на Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“ и координатор на проектот од Белица , Република Бугарија како проектниот менаџер од Македонска Каменица – Гоце Ангелов. Вкупната вредност на проектот е 367.499  евра, при што опремата која што ќе се набави за КИЦ „Романса“ е со износ приближен од 52.577евра. Во рамки на претходниот проект од IPA програмата преку Светска банка беа обезбедени средствата за изработка на техничкиот проект за реконструкција на зградата од Дом на култура во Македонска Каменица.

Со оваа пресс конференција се информира јавноста со придобиките кои ги добива локалното население од програмата на Европската Унија за земјите кандидати за членство во Унијата која со мерки на прекугранични взаемни проекти ги подобрува условите за членство. Преку иницијативи за соработка во подобра заштита и одржливо користење на природното и културното наследство во општините, граѓаните во Македонска Каменица ќе добијат кино а граѓаните на Белица реконструиран Дом на Културата.

Bookmark the permalink.

Comments are closed