Собир по повод Покров на Пресвета Богородица на манастирско-туристички-комплекс “Еленец“ во село Цера

Традиционалниот собир на манастирско-туристичкиот комплекс “Еленец“ трае со години и овој собир е еден од најстарите и традиционалните во село Цера,истиот ке се одржи утре на 14 Октомври и ке започне од 11 часот. Самиот собир е во организација на жителите од селото но и здружението на граѓани “Еленец“ од село Цера.

Општина Македонска Каменица заедно со Културно-информативниот центар “Романса“ и КУД “Вера Јоциќ“ секоја година активно учествуваат во спроведувае на програмските активности, така и оваа година има предвидено богата музичка програма каде присутните на манифестацијата ке ги забавува локалниот бенд “Актив бенд“ и некои гајдаџиски групи од земјава. Манифестацијата е во организација на здружението на граѓани “Еленец“ село Цера,со подршка на КИЦ“ Романса“ и КУД „Вера Јоциќ„.

Бидете и вие дел од  манифестацијата на црковно народнио собир кој е традиционален и се одржува секоја година по повод големиот христијански празник “Покров на Пресвета Богородица”.

Bookmark the permalink.

Comments are closed