ПРО ФЕСТ 2017 ВО ПРОБИШТИП

Во организација на Општина Пробиштип и на ОУ Дом на култура „Злетовски рудар“ од Пробиштип на ден 08.10.2017 година, во 19 часот во хотелот Сан Нико ќе се одржи 37-то издание на Републичкиот фестивал на пеачи аматери „Про фест“ 2017.

После две години пауза Фестивалот на пеачи аматери комплетно ќе биде видоизменет.
Ќе има учесници од цела Македонија, гостин на вечерта ќе биде младата талентирана Антонија Гиговска, а за забавата задолжена е музичката група „Еуфорија“.
Вечерта ќе биде со влезница и конзумација во износ од 200,00 денари.(со две пијачки). Достапни се маси со 8, 10, 12 и 20 седишта.
Oсвен официјалниот дел ќе има и забавен дел за забава на присутните во ресторанот.

По прв пат Македонска Каменица ке има свој претставник на Про Фест 2017 година а свое учество ке земе една од најталентираните девојчиња од општината Маринела Ангеловска со изведба на песна на една од најпознатите светски пеачки Алисија Кијс.

Bookmark the permalink.

Comments are closed