• Каменичко културно лето 2017

Меѓуграничен проект со европски пари помеѓу КИЦ“Романса“заедно со општина М.Каменица и НЧ“Георги Тодоров 1885“ општина Белица Р.Бугарија

Општина Македонска Каменица ја продолжува успешната практика на искористување на европските фондови за реализација на проекти кои се од огромно значење за локалните жители. Вчера, во Бугарија беше потпишан Договор за партнерство помеѓу Белица и Македонска Каменица за нов проект под наслов „Реставрација на објекти од историско и културно значење и заштита на материјални и нематеријални културни наследства во Белица и Македонска Каменица“ во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка. Од македонска страна договорот го потпиша директорот на Културно-информативниот центар „Романса“ од Македонска Каменица, Гоце Стојановски.

Со новодобиените финансиски средства кои се во вкупен износ од нешто повеќе од 50 илјади евра ќе се набавува нова кино-опрема за Домот на културата во Македонска Каменица, нова ИТ опрема, телевизори, а ќе бидат организирани и неколку работилници на кои ќе се разменуваат искуства помеѓу жители од двете држави, Бугарија и Македонија. Во Белица, пак, ќе се реконструира Домот на културата, а задоволството и од бугарска страна е огромно бидејќи продолжува успешното заедничко партнерство на двете збратимени општини.

Градоначалникот д-р Дарко Митевски изјави дека радува фактот што Македонска Каменица го задржува приматот на општина која има реализирано најголем број проект со финансиски средства од различни фондови и дека се надева дека овој тренд ќе продолжи и во иднина, зашто сето тоа е за доброто на сите локални жители.

Bookmark the permalink.

Comments are closed