На 26.Август (сабота) 2017 година со почеток од 21.часот во рамките на Каменичко Културно Лето 2017 година на градскиот плоштад во организација на Културно-информативниот центар “Романса“ Македонска Каменица и општина Македонска Каменица на градскиот плоштад ке гостуваат едни од најреномираните млади бендови од Република Македонија од еден крај до друг, од исток па до запад РИПЛЕЈ станува речиси главна тема на ноќните локали.
Со својот континуиран труд, чекорот до успех е неизбежен за бендот. Нивното мото е бендот –Never stop. Овој бенд знае да се појави со повеќе членови каков што ке биде и случајот на градскиот плоштад во Македонска Каменица.Затоа повелете ве очекуваме во масовен број како загревање за спектаклот на вечерта и концертот на Црвена Јабука.