ДЕН НА ДИЈАСПОРАТА 2017 ГОДИНА

Општина Македонска Каменица и Културно – информативен центар „Романса“ Македонска Каменица, Република Македонија неколку години по ред заеднички ја организираат традиционалната иселеничка манифестација „Ден на дијаспората“, која оваа година ќе се оддржи на 12.08.2017 година (сабота) со почеток од 10:00 часот во манастирско – туристичкиот комплекс „Еленец” во село Цера, Македонска Каменица, Република Македонија. Манифестацијата претставува можност на меѓусебно запознавање на македонските печалбари, како и можност за нашите државници да го слушнат нивниот глас и визија за иднината на татковината.

На манифестацијата ќе настапи добро познатата фолк ѕвезда Ефто Пупиновски, подржан од локалниот бенд Модерато бенд каде ке ги забавуваат присутните на манифестацијата.

Затоа општина Македонска Каменица и КИЦ “Романса“ ги покануваат сите граѓани од општината но и околните општини и населени места на заедничко дружење и разменување искуства на оваа манифестација.

Bookmark the permalink.

Comments are closed