СВЕЧЕНО ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА НОВИОТ ДОМ НА КУЛТУРАТА

Вчера (28.04.2017) беше свечено пуштен во употреба новиот Дом на култура во Македонска Каменица, што ќе донесе ново поглавје во квалитетот на животот во оваа рударска општина.
Старото кино изминатава година и половина прерасна во современ дом на културата, кој беше отворен со пригодна свеченост и со благослов од владиката Иларион.

Во Домот на културата ќе има обезбедено простории за КУД Вера Јоциќ и библиотеката.
Вкупната вредност на Домот на културата изнесува 42 милиони денари, средства обезбедени од Светската банка. На отворањето настапија локалните бендови Риплеј и Литиум, КУД „Вера Јоциќ“ и дечињата од локалното талент шоу „Јас имам талент“. Синоќа со почеток од 19 часот во Домот на Културата настапија Пламенка Трајковска со гудачки квартет.

 

Bookmark the permalink.

Comments are closed