Во рамките на спроведување на програмските активности од програмата за Култура за 2017 година Културно-информативниот центар “Романса“ од Македонска Каменица распишува Конкурс за најдобри аматерски прозни дела на тема:народни херои.
Пријавувањето за конкурсот ке започне од денот на објавувањето и ке трае до 04.05.2017година. Пријавувањето ке се врши во просториите на КИЦ”Романса”во Домот на културата на телефонскиот број 078-416-492, просториите на основното училиште“св:Кирил и Методиј“ и во просториите на с.о.у“Миле Јаневски Џингар“.
Право на учество имаат сите граѓани од општина Македонска Каменица. Бројот за пријавување е неограничен а истите прозни дела ке бидат прочитани во просториите на Домот на културата. Изборот за најдобри аматерски прозни дела ке го изврши комисија составена со решение од КИЦ“Романса“Македонска Каменица во која ке членуваат наставници и професори по литература. Ке се изврши селекција и избор на 3(три) најдобри прозни дела.
За најдобрите 3(три) аматерски прозни дела ке бидат доделени соодветни награди.