СЕ ОДРЖА ИЗБОРОТ НА НАЈУБАВО УКРАСЕНО ВЕЛИГДЕНСКО ЈАЈЦЕ

Денеска пред палтото на црквата Успение на Пресвета Богородица во Македонска Каменица се одржа изборот на најубаво украсено велигденско јајце.Пријавени на конкурсот беа вкупно 10 учесници со квалитетни декорации.

За изборот на најубаво украсено велигденско јајце КИЦ Романса од Македонска Каменица формираше комисија,која имаше многу тешка задача при изборот на три најубаво украсени велигденски јајца.Добитници на наградите се следните :третатанаграда беше поделена а ја добија Бранка Стојчева и Јованка Стојковска,добитник на втората награда беше Дарко Јовановски а добитничка на  првата награда на најубаво украсено јајце беше Марија витановска.

Целта на оваа манифестација беше пред се потикнување на креативноста кај граѓаните на општина Македонска Каменица за украсување на велигденски јајца и пред се заедничка дружба и весела атмосвера пред претстојните велигденски празници.

Bookmark the permalink.

Comments are closed