КОНКУРС ЗА НАЈУБАВО УКРАСЕНО ВЕЛИГДЕНСКО ЈАЈЦЕ

 

Културно-информативниот центар “Романса„ Македонска Каменица распишува конкурс за најубаво украсено велигденско јајце по повод најголемиот христијански празник, Воскресението Христово – Велигден. Самиот настан ќе се одвива на Велики петок  14.04.2017 година со почеток од 11 часот пред платото на православниот храм “Успение на Пресвета Богородица“. КИЦ “Романса„ Македонска Каменица со подршка од општина Македонска Каменица ке го извршат изборот на најубаво украсено велигденско јајце. Пријавувањето за конкурсот за најубаво украсени велигденски јајца ке се врши од денот на објавувањето на конкурсот односно 03.04.2017 година и ќе трае до пред самиот почеток на изборот за најубаво украсено велигденско јајце. Право на учество имаат само граѓани на општина Македонска Каменица. Ќе биде извршен избор на 3 (три) најубаво украсени велигденски јајца. Изборот за најубавите три украсени велигденски јајца ќе го изврши комисија која ке биде формирана со решение од КИЦ “Романса„ Македонска Каменица. При изборот на најубавото украсено велигденско јајца комисијата ќе ги разгледува сите детали при украсувањето до декорацијата и самата изработка на велигденските јајца.

За најдобрите три украсени велигденски јајца КИЦ “Романса„ Македонска Каменица ќе обезбеди соодветни парични награди и тоа: 3 (ТРЕТА) НАГРАДА 2000 ДЕН, 2 (ВТОРА) НАГРАДА 3000 ДЕНАРИ И ЗА ОСВОЕНА 1 (ПРВА) НАГРАДА 5000 ДЕНАРИ.

Bookmark the permalink.

Comments are closed