Културно-информативен центар „Романса“ од Македонска Каменица во партнерство со Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“ од Белица, Бугарија ќе реализираат проект финансиран преку INTERREG-IPA CBC Програмата на Европската Унија.
Со околу 60.000 евра КИЦ „Романса“ ќе набавува нова кино-опрема и компјутери истите ќе се користат за ИТ читалната сместена во градската библиотека и ќе бидат достапни за сите граѓани на општина Македонска Каменица, со што значително ќе се подобри функционирањето на Центарот, а локалните жители ќе можат да ги следат најновите светски филмски остварувања.
Инаку, Домот на култура во Македонска Каменица веќе целосно е реконструиран и набавена е нова аудио опрема и ново осветлување.