КОНКУРС ЗА НАЈДОБРИ ДЕТСКИ ЛИКОВНИ ТВОРБИ

Во рамките на спроведување на програмските активности од програмата за Култура за 2017 година Културно-информативниот центар “Романса“ од Македонска Каменица распишува Конкурс за најдобри детски ликовни творби. Темата на конкурсот ке биде “Пејсаж“.Творбите можат да бидат изработени во акварел,гваш,акрил или темпера.Пријавувањето  за конкурсот ке започне од денот на објавувањето и ке трае до 10.04.2017година.

Пријавувањето ке се врши во просториите на КИЦ”Романса”сместена во општинската зграда или на телефонскиот број 078-416-492 или во просториите на основното училиште “св:Кирил и Методиј“ во кабинетот по ликовна култура.Право на учество имаат сите деца од општина Македонска Каменица на возраст до 14 години.Бројот за пријавување е неограничен а цртежите на сите учесници ке бидат изложени во холот на Домот на Културата.На денот на изборот сите учесници ке можат да ги видат сите ликовни творби кои конкурирале на конкурсот.Ке се изврши селекција и избор на 3(три) најубави детски ликовни творби. Изборот за најдобрите 3(три) детски ликовни творби ке го изврши комисија која ке биде формирана со решение од КИЦ “Романса“ Македонска Каменица во која ке членуваат наставници и професори по ликовна култура.За најдобрите 3(три) ликовни творби  ке бидат доделени соодветни награди.

Bookmark the permalink.

Comments are closed