Во завршна фаза изградбата на Домот на култура во Македонска Каменица

Изградбата на Домот на култура е во завршна фаза и наскоро Македонска Каменица ќе го има еден од најубавите културни центри во Македонија. Фирма изведувач на градежните работи Деком Ком од Скопје веке ги привршува своите активности.Остануваат уште неколку детали кои ке бидат завршени во следниот период. Овој објект целосно ги исполнува стандардите за оддржување на различни културни манифестации.Културно-информативниот центар Романса заедно со општина Македонска Каменица веќе подготвуваат богата културна програма која ке се реализира во новиот Дом на културата.

Bookmark the permalink.

Comments are closed