Голем црковно народен собир на “Еленец” с.Цера

Денеска на манастирскиот комплекс Еленец во дело Цера Македонска Каменица традиционално секоја година се одржува црковно народен собир по повод големиот христијански празник Покров на Пресвета Богородица. На овој собир присуствуваа над 3000 посетители од соседните села, општината и гости од другите соседни општини. По повод манифестацијата Денови на Кочанскиот ориз неколку културно уметнички друштва од Р.Србија, Романија, Унгарија и од Р.Македонија ја збогатија културно уметничката програма кои заедно со Модетато бенд од Македонска Каменица се погрижија за забавување на присутните гости.

Црковно народниот собир беше во организација на Здружението на граѓани ЕЛЕНЕЦ ЦЕРА и КИЦ РОМАНСА од Македонска Каменица. На манифестацијата присуствува градоначалникот Д-р Дарко Митевски и неколку локални функционери, а на присутни гости им беше поделен посен оброк.

Bookmark the permalink.

Comments are closed