Во заедничка организација на Културно-информативниот центар “Романса” и наставничкиот колегиум при основното училиште св.”Кирил и Методиј” денеска во просториите при основното училиште приредија свечена приредба по повод 11 Октомври-Денот на народното востание на Република Македонија. На приредбата се претставија дел од учениците од основното училиште, одбележувајќи 75 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната борба. На почетокот беше изведена македонската химна во изведба на хорот при основното училиште. Подоцна учениците се претставија со усни творби истакнувајки го значењето на празникот 11 Октомври, денот кога пукнала првата пушка во Прилеп, Наредниот ден пукнала втората пушка во Куманово. Мал дел од нив можеби би го прошириле одговорот додавајќи плус уште една реченица дека тогаш започнала борбата против фашизмот. Покрај литературен дел имаше и музичко забавен караткер од самите ученици од основното училиште. На самата приредба свое литературно обраќање, дел имаше и директорот на КИЦ”Романса” Гоце Стојановски кој го истакна значењето на празникот 11 Октомври и во кратки црти се осврна и за формирањето на Македонската револуционерна организација.