31 ви МФФ “Истибанско здравоживо” во Македонска Каменица

На 18 Септември во с.Истибања традиционално секоја година се одржува Истибанското здравоживо. Играта, песната, танцот, преточени во фолклор секој септември ги обединуваат и зближуваат децата од повеќе континенти на едно место. Илјадници километри во патување за да се стаса да се биде учесник на 31-от Меѓународен Фестивал “Истибањско здравоживо“. Главен и одговорен уметнички директор е Стојко Митковски.
Веќе неколку години наназад свое фолклорно дефиле со богата културно уметничка програма се одржува и во општина Македонска Каменица. Учесници на манифестацијата имаше од Монголија, Латвија, Украина, Романија, Косово и Метохија, Турција, Бугарија и од Македонија. Уметничките директори и раководители од сите културно уметнички друштва пред настапот во Македонска Каменица беа на прием кај градоначалникот д-р Дарко Митевски, кој накратко им објасни која е главната дејност со што се занимаваат луѓето во оштината, заблагодарувајки им се за гостувањето и дека манифестацијата прераснала во традиција. Потоа учесниците имаа кратко фолклорно дефиле по ул. Александар Македонски и подоцна фолклорниот настап на учесниците во спортската сала при основното училиште св. Кирил и Методиј.
Присутните на манифестацијата имаа можност да уживаат со двочасовно дружење и богата културно уметничка програма.
Oваа манифестација е подржана од рудник Саса, општина Македонска Каменица и културно информативниот центар Романса.
Bookmark the permalink.

Comments are closed