Во четврток на 11.08.2016 година на манастирско-туристичкиот комплекс “Еленец “во село Цера се одржа третата по ред манифестација за иселениците Денот на Дијаспората
На манифестацијата присуствуваа и беа примени од градоначалникот на општината д-р Дарко Митевски, Европскиот митрополит неговото преосвештенство господин Пимен и Брегалничкиот епарх неговото преоствештенство господин Иларион.Митрополите го посетија манастирот Еленец и извршија благослов со колач и пченица.Покрај митрополите на манифестацијата беа поканети и присуствуваа градоначалниците на соседните општини како и локални функционери .Присутните ги забавуваа Модерато бенд,вокалната солистка Валерија Јангеловска и фолк ѕвездата Јордан Митев.
На манифестацијата беа присутни околу 3000 иселеници од општината и околните градови и населени места.
Се одржа денот на дијаспората
Bookmark the permalink.