Ден на дијаспората 2016 година

     На ден 11.08.2016 година, четврток во манастирско-туристички комплекс “Еленец” с.Цера, Македонска Каменица, општина Македонска Каменица заедно со Културно информативниот центар “Романса” традиционално веќе неколку години наназад така и оваа година ќе ја организираат манифестацијата “Ден на дијаспората 2016”.

636047011490007299

     На манифестацијата ќе ве забавуваат еден од најдобрите инструменталисти и фолк пејачи-Јордан Митев, ПЕЈАЧ, КАНТАВТОР И МУЛТИИНСТРУМЕНТАЛИСТ – МАГИСТЕР ПО МУЗИЧКИ НАУКИ и еден од најдобрите бендови на истокот а веќе афирмирани и надвор од нашата држава, Модерато бенд од Мак.Каменица. На манифестацијата ќе настапат и фолкорни друштва од Република Хрватска како и КУД “Вера Јоциќ” Македонска Каменица.

636047011336368676

    Манифестацијата претставува можност на меѓусебно запознавање на макдонските печалбари, како и можност за нашите државници да го слушнат нивниот глас и визија за иднината на татковината. На манифестацијата ќе бидат поканети гости од повеќе градови од Република Македонија.

     Бидете дел од оваа манифестација и заеднички да се дружиме со печалбарите од источниот дел на Република Македонија!

Bookmark the permalink.

Comments are closed