НАПРЕДУВА ИЗГРАДБАТА НА ДОМОТ НА КУЛТУРА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
Изградбата на Домот на култура во Македонска Каменица е во напредна фаза. Очекувањата се дека до крајот на годината каменичани ќе добијат уште еден репрезентативен објект. Новиот објект ќе нуди широки можности за оддржување на разновидни културни настани и ќе биде дополнителен импулс за културен развој на Македонска Каменица.